ВМРО НП: Да се бојкотира палењето огнови за Бадник

January 5, 2023
1 min read

ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа се помага да не се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет.

-Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација. Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство, се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Жолтата куќа“ од Колорадо

Следно

Што до сега е познато за новиот сој корона: Најзаразниот досега, за една недела двојно се зголеми бројот на заболени во САД

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop