ВМРО-ДПМНЕ: За Данела Арсовска сите се криви, само таа не

November 28, 2024
1 min read

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска сите се криви, само таа не е.

„Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија.

Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.

За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен.

Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска.

Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне.

Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Следно

Челси месец дена без Рис Џејмс

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop