ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ целосно го урнисаа здравството, во Детска клиника без тендер набавувале лекови вредни милиони, а и кон донираните се однесувале неодговорно

November 13, 2024
1 min read

Нема крај на неодговорно, недомаќинско и расипничко однесување на СДС и ДУИ. Секојдневно на видели излегуваат нивните злоупотреби со институциите на системот, ограбувањето на државните ресурси, осиромашувањето на народот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатиот период објавивме бројни скандали за злоупотреба на службената должност на лица од СДС и ДУИ кои раководеле со јавни и државни институции.

Од ваквите скандали кои отвораат сомнежи за сторени криминали од милионски вредности, СДС и ДУИ не ги поштедиле ниту здравствените институции кои треба да се сервис и да водат грижа за здравјето на македонските граѓани.

Клиниката за детски болести е здравствена институција која треба да обезбеди навремена, соодветна и квалитетна здравствена нега за најчувствителната категорија пациенти, децата. Но, СДС и ДУИ не можеа да ги држат рацете подалеку дури ни од оваа витална институција, а да не профитираат врз здравјето на децата.

Според Извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на детска Клиника во 2022 година, констатирано е дека без тендер се набавувале лекови во вредност од неколку милиони.

За време на раководењето на кадри од СДС и ДУИ, Клиниката за детски болести набавила лекови од 8,6 милиони денари на реверс, а потоа ги вратила на фирмата која го добила тендерот.

Освен кон набавените лекови, детска клиника во време на СДС и ДУИ неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивала како донација, така што за две донации не е запишано која сума се проценуваат.

Според податоците во Извештајот, примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а лекови вредни над 50 милиони евра останале неискористени.

Ова само покажува колку е голема неспособноста на СДС и ДУИ, и колку недомаќински и расипнички раководеле со јавните здравствени установи. Кај што ги трошеле и не ги штеделе парите на граѓаните, така и со донациите недомаќински управувале.

Како и во целата држава, така и во здравството СДС и ДУИ направија хаос и целосно го урнисаа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Следно

Австралија: Стотици операции откажани поради штрајкот на медицинските сестри во Нов Јужен Велс

Latest from Blog

Се докажа дека создавањето атмосфера на етнички тензии, како таа пред Уставен, е за спас на криминалците од ДУИ и СДС, како Артан Груби

ДУИ се демаскирани, прочитани и поразени. На ДУИ веќе никој не им верува. Од ДУИ се откажаа и стратешките партнери САД, како и нивните членови и поддржувачи. Само ДУИ и Али Ахмети

Видеолотарија ја реализираше традицоналната крводарителна акција

Во декември, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција. Видеолотарија Касинос Австрија во соработка

Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД

Одржувањето безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти  мисијата на САД во Алијансата. „Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан –

Поранешна медицинска сестра на Шумахер обвинета за завера и уценување на неговото семејство

Медицинска сестра, чиј идентитет не е јавно обелоденет, наводно била дел од заговор за изнуда на 15 милиони евра од семејството Шумахер со закана дека ќе објави слики од тркачката легенда на
Go toTop