ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада

1 min read

Со средбата што вчера траеше над два и пол часа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата Вреди, почнаа преговори за формирање на новата влада.

На средбата на која присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, а од страна не Вреди лидерите на коалициските партии Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши, се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање. Се очекува од утре да почнат да разговараат работните групи.

Пред средбата Мицкоски изјави дека се работи за прва средба за запознавање, а по средбата Башким Бакиу, од коалицијата „Вреди“, изјави дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.

 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Египет ќе се приклучи кон тужбата против Израел пред Меѓународниот суд на правдата

Следно

Лазаров со две промени во составот за реваншот со Фарски Острови

Latest from Blog