ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за аерозагадувањето

January 9, 2023
1 min read

Загадувањето на воздухот во Скопје останува алармантна тема, која бара одговорност и преземање итни мерки од локалната власт во градот, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ преку соопштение. 

-Измина цела една година а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, заедно со нивната коалиција со Левица и Данела Арсовска не преземаа ништо за загадениот воздух.Хаосот во јавниот превоз дополнително влијае на зголемување на загаденоста. Згора на се, додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %, обвинуваат социјалдемократите. 

Од ВМРО-ДПМНЕ, со слични обвинувања, но во обратна насока. 

-СДС да преземе мерки за намалување на загадувањето, а на тајните состаноци со Арсовска, Ковачевски да побара реакција и од градот. 7 години откако е СДС на власт, а ниту една мерка за намалување на загадувањето не е преземена. Од потрошени 20 милијарди преку буџетите, ниту едно евро не е инвестирано за почист воздух. СДС пред да дојде на власт имаше главно ветување дека ќе го намали загадувањето, 7 години подоцна воздухот е уште позагаден, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дачиќ: Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината

Следно

Мбапе: Зидан е Франција, заслужува почит

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop