ВМРО-ДПМНЕ: Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност кои ја донесоа државата до работ на економски, институционален и морален колапс

December 5, 2024
1 min read

Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност кои ја донесоа државата до работ на економски, институционален и морален колапс. Стотици илјади лица се иселија од Македонија, инфлацијата достигна рекордни бројки, граѓаните живеат со најниски плати во регионот, а корупцијата и националните предавства станаа заштитен знак на оваа партија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со нивната неспособност, автопатите и пругите останаа само на хартија, а парите за нив завршија во нечии џебови. Граѓаните сè уште ја паметат трагедијата во модуларната болница, случајот со „Дурмо турс“ и скандалите со онкологијата, за кои никој не сноси одговорност. СДСМ молчи, бидејќи е под притисок од својот коалициски партнер ДУИ, чија злоупотреба на институциите достигна ново ниво на безобразие.

Граѓаните на Македонија се најнесреќни во Европа, дишат најзагаден воздух, а над 600 илјади живеат во екстремна сиромаштија со само 150 денари дневно. Во меѓувреме, Филипче си гради хациенди, купува луксузни возила и заштитува веледрогерии, додека болните умираат без соодветна нега.

Додека македонската јавност чека одговори за вмешаноста и расплеткувањето на трагедиите со онкологија и модуларната болница, како и за милионските набавки низ здравството кои доведоа до стотици милиони евра долгови на Фондот за здравство и клиниките, глетката на Филипче, кој со доза на воодушевување и гордост го снима својот ментор Зоран Заев како нарачува песни од Харис Џиновиќ, точно ја покажува свеста на овие луѓе кои сега зборуваат за “докажани мерки”, потенцираа од партијата.

-Единствено докажано е вашата неспособност и криминогеност, поради што изгубивте на последните избори со катастрофална разлика, а рејтингот од 6 до 8 проценти е само уште еден доказ за тоа каде терате и што мисли народот за вашите “докажани мерки”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОВА е листата на производите од новогодишната потрошувачка кошничка

Следно

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop