Вкупното население на земјите од ЕУ се зголеми на 449,2 милиони

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Вкупниот број на населението во 27 земји членки на Европската Унија (ЕУ) се зголеми на 449,2 милиони досега во 2024 година, покажуваат податоците на статистичкото биро на ЕУ, Евростат, објавени денес, јавува Анадолу.

Вкупниот број жители на земјите од ЕУ се зголеми благо за 1,6 милиони, од 447,6 милиони на 449,2 милиони во 2024 година.

Растот на населението во ЕУ е поттикнат од миграцијата по КОВИД-19 и Украинците кои добија статус за привремена заштита.

Германија е најнаселена членка на ЕУ со 83,4 милиони жители, а најмалубројни земји се Малта со 563.000 и Луксембург со 672.000, покажаа податоците.

Вкупното население на Туркије изнесува 85,8 милиони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

ВАР експерт објасни зошто Англија добила пенал

Следно

Аеродромот „Истанбул“ најпрометен воздушен центар во Европа минатата недела

Latest from Blog