Винс Картер и Чонси Билапс официјално примени во „Куќата на славните“ на НБА лигата

1 min read

Поранешните НБА ѕвезди, Винс Картер и Чонси Билапс, официјално се примени во „Куќата на славните“ на најсилната кошаркарска лига во светот.

Церемонијата се одржа во американскиот град Спрингфилд, а заедно со нив, во одбраното друштво влегоа уште единаесет други кошаркари.

Винс Картер беше осумкратен учесник на Ол-Стар натпреварот и одигра 22 сезони во НБА лигата, а во кариерата играше за Торонто, Бруклин, Далас, Атланта, Њу Орлеанс, Орландо, Сакраменто и Феникс. Има одличен учинок и постигна вкупно 25.728 поени.

Меѓу останатите примени во „Куќата на славните“, имаше место и за неодамна починатиот Џери Вест, кој доби постхумни почести од организаторите.

Извор: kurir.mk

Претходно

Сања Божиновска работела за сопственикот на „Руднап Груп“ поврзан со аферата за офшор компании „Панама пејпрс“

Следно

Наутро постудено време, преку ден сончево и топло

Latest from Blog