Голем пожар изби денес во шумскиот предел кај местото Ливари, во близина на туристичкото летувалиште Вурвуру на Ситонија.
Во гаснењето на пожарот учествува голем број пожарникари, а жителите и туристите добиле итни пораки со повик за евакуација.
На терен се ангажирани 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима.
За размерите на пожарот сведочи и фактот дека од воздух помагаат осум авиони и еден хеликоптер.
Извор: kurir.mk