(ВИДЕО) Објавени полициски снимки од вооружениот напад во банка во Луисвил, Кентаки

April 12, 2023
1 min read

Станува збор за снимки кои се од камерите поставени на телата на полицајците

Полицијата објави снимка на која се прикажани моментите кога полицајците пристигнале на местото на вооружениот напад во банка во центарот на Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, кога маж отворил оган врз нив. Станува збор за снимки кои се од камерите поставени на телата на полицајците.

За време на нападот, 23-годишникот со пушка пукал во 13 луѓе, убивајќи четворица.

Еден полицаец бил застрелан во главата неколку минути по доаѓањето на местото на настанот.

Заменик-началникот на полицијата во градот Луисвил, Пол Хемфри, на прес-конференција ги пофали полицајците за нивниот херојство, пишува Асошиетед прес.

Полицијата добила дојава за пукање во 8:38 часот, а на местото на настанот пристигнале двајца полицајци три минути подоцна. Тие не излегле ни од патролното возило кога вооружениот напаѓач почнал да пука во нив.

„Назад, назад, назад“, извикува еден од полицајците, додека во позадина се слушаат пукотници.

На фотографијата од надзорната камера се гледа како напаѓачот во фармерки, сина кошула и патики држи пушка додека е опкружен со скршено стакло внатре во зградата. Полицијата тврди дека напаѓачот поставил заседа за веднаш штом пристигнале полицајците да ги нападне.

Хемфри објаснил дека поради одразот, полицајците не можеле да го видат напаѓачот низ стаклената влезна врата, додека тој имал добар поглед кон нив. На видеото се гледа како полицаецот вади пушка од багажникот на своето патролно возило и им наредува на колегите да го покријат.

Полицаецот потоа, со колегата, почнал да се приближува до банката. Во моментот кога полицајците се движеле кон влезната врата, напаѓачот испукал серија куршуми. Едниот од полицајците бил застрелан во главата.

Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач кој уби најмалку четири лица во банка во Луисвил, Кентаки, како Конор Старџен (23) кој бил вработен во банката, пишува Си-ен-ен.

Дваесет и тригодишникот, според Си-ен-ен, бил известен дека ќе биде отпуштен од банката во Луисвил, каде што работел една година, по што напишал белешка до своите родители во која навел дека ќе пука во банката.

Се додава дека тој го снимал и го пренесувал во живо пукањето во банката на социјалната мрежа Инстаграм. Снимката подоцна била избришана од социјалната мрежа, но се наведува дека полицијата го поседува видеото.

Загинатите се на возраст од 40, 57, 63 и 64 години. Останатите девет лица, од кои двајца полицајци и седуммина цивили, се повредени и се пренесени в болница. Тројца од повредените се во критична состојба, меѓу кои и еден полицаец кому му било пукано во главата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стефан Ристовски потпиша нов договор со Динамо Загреб

Следно

Папата Франциск сака да се расветли мистеријата на девојката од Ватикан која исчезна пред 40 години

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop