(ВИДЕО) Најмалку 50 лица загинаа, а над 300 се повредени во железничка несреќа во Индија

1 min read

Според објавите во медиумите, вагоните на еден од возовите излетале од шините и паднале на спротивната пруга. Набргу потоа, во нив се судрил друг воз, поради што четири негови вагони излетале од шините. Сè уште нема официјална потврда за бројот на загинатите во несреќата, иако локалните медиуми објавија дека има најмалку 50 жртви

Најмалку 50 лица загинаа, а над 300 се повредени во судир на патнички и товарен воз во источната индиската држава Одиша, објавија локланите медиуми, пренесе Ројтерс.

Според објавите во медиумите, вагоните на еден од возовите излетале од шините и паднале на спротивната пруга. Набргу потоа, во нив се судрил друг воз, поради што четири негови вагони излетале од шините.

Индискиот премиер Нарендра Моди во објава на Твитер кажа дека е вознемирен од несреќата и дека неговите мисли се со семејствата на загинатите. Додаде дека спасувачките акции се во тек, а дека на повредените им се укажува потребната помош.

На местото на несреќата пристигнале 50 возила на итна помош, но не можеле да ги пренесат сите повредени во болниците, па се враќале неколку пати, а за пренос на повредените биле ангажирани и автобуси.

Сè уште нема официјална потврда за бројот на загинатите во несреќата, иако локалните медиуми објавија дека има најмалку 50 жртви. Повеќе од 350 повредени патници, пак, се хоспитализирани.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Култот на климатската апокалипса

Следно

„Поетроника“ на Митковски и Салпе е создаден со голема љубов и искреност

Latest from Blog