(ВИДЕО) На Ердоган му се слошило за време на интервју – програмата била прекината 20 минути

April 26, 2023
1 min read

Неидентификуван глас се слушна како зборува од зад камерите. Ердоган набрзо се врати пред камерите и им се извини на гледачите признавајќи дека размислувал да го откаже интервјуто

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кому му претстојат најнеизвесните избори во неговото 20-годишно владеење, синоќа го прекина телевизиското интервју поради стомачни проблеми. Ердоган даваше интервју во живо на турска телевизија кога програмата беше прекината на околу 20 минути бидејќи на турскиот претседател ненадејно му се слоши, јави Би-би-си.

Камерата се затресе, а репортерот кој го поставуваше прашањето стана од столот. Неидентификуван глас се слушна како зборува од зад камерите. Ердоган набрзо се врати пред камерите и им се извини на гледачите признавајќи дека размислувал да го откаже интервјуто.

„Вчера и денеска работевме напорно. Затоа добив стомачна вироза… Барам прошка од вас и од нашата публика“,

рече тој.

Инаку, интервјуто почна со час и половина задоцнување поради предизборните активности на Ердоган.

„Се разбира дека одвреме-навреме се соочуваме со проблеми во услови на толку напорен распоред“,

рече Ердоган.

Фала му на Бога, нашиот претседател е во добра здравствена состојба, напиша на Твитер портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин.

На 69-годишниот Ердоган, кој е на власт од 2003 година, му претстои тешка политичка битка на изборите на 14 мај, пишува „Политико“.

Опозициската коалиција, составена од шест партии од целиот политички спектар, се обедини зад 74-годишниот Кемал Киличдароглу, поранешен бирократ кој води на анкетите. Гласовите на Курдите, кои сочинуваат една петтина од 85-те милиони жители на Турција, би можеле да играат одлучувачка улога на изборите.

Киличдароглу, наречен турски Ганди поради неговата витка градба и нежно однесување, му посака на Ердоган „брзо закрепнување“ откако му се слоши за време на интервјуто.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин утре ќе присуствува на инаугурацијата на првата нуклеарна централа во Туркије преку видеолинк

Следно

Бела куќа: Го поздравуваме разговорот меѓу Си и Зеленски, рано е да се каже дали тоа ќе доведе до мир

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop