Видео: МВР отвори предмет за полицаецот кој со пендрек го удри Талески

1 min read

Ракометниот гигант Вардар славеше во дербито против Пелистер со 26-25 во финалето на Купот на Македонија, но по натпреварот се случи сериозен инцидент кога полициски службеник со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески по глава.

Јавноста бурно реагираше на инцидентот кој се случи по завршување на ракометното дерби, а Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е отворен предмет за полицаецот кој го удри Талески.

-По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Ердоган: Нашата земја заврши уште еден „фестивал на демократијата“ со изборите од 14 мај

Следно

Ердоган во предност, но недоволна – Турција оди во втор круг на изборите

Latest from Blog