Во пристаништето во Лос Анџелес денес е прогласена вонредна состојба поради голем пожар на товарен брод што складира опасни материјали, објавија локалните власти.
Повеќе од 100 пожарникари беа распоредени за гаснење на пожарот , но според локалните власти, нема жртви или повредени, објави „Лос Анџелес Тајмс“.
Пожарот бил пријавен во 18:38 часот по локално време под палубите на контејнерскиот брод „1 Хенри Хадсон“, долг 330 метри, а експлозија се слушнала кратко пред 20 часот, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес.
Опасни материјали биле складирани во неколку товарни контејнери кои биле зафатени од пламен, а сите пожарникари носеле заштитни одела и маски за кислород.
Специјално обучени тимови за опасни материјали го следат квалитетот на воздухот додека продолжуваат напорите за локализирање на пожарот на долните палуби на бродот.
Според „Вестидел“, товарниот брод што се запалил пловел под панамско знаме и пристигнал во пристаништето Лос Анџелес од Токио.
Fire erupts on container ship at Port of Los Angeles in San Pedro pic.twitter.com/ul3Gyy7GZy
— The Daily News (@DailyNewsJustIn) November 22, 2025
Извор: tv21

