(ВИДЕО) Додека се обидуваа да им помогнат на други, урнатина ги поклопи турските спасувачи

February 11, 2023
1 min read

На видеото што се појави на интернет се гледаат турски спасувачи кои се обидуваат да извлечат луѓе од под урнатините, но во еден момент над нив се урна дел од веќе разурнат објект. Затрупан останал само еден член од спасувачката екипа, кој за кратко време бил спасен од своите колеги. Како што известуваат турските медиуми, спасувачот Батухан Туген е во добра здравствена состојба и веднаш продолжил со спасувачките напори.

Спасувачките тимови во Турција и Сирија сè уште трагаат по преживеани од катастрофалниот земјотрес во понеделникот. Бројот на загинати се смета дека надмина 25 000, од кои 21 848 луѓе загинале во Турција, а 3 553 во Сирија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Немања Видиќ се кандидира за прв човек на српскиот фудбал

Следно

Јаху отпушта 1000 вработени

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop