(ВИДЕО) Блокиран главниот град на Украина: Американскиот претседател Џо Бајден во ненајавена посета на Киев

1 min read

Веста за посетата на Бајден на Киев ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски кој на Фејсбук објави фотографија со американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден ненајавено пристигна во главниот град на Украина.

Белата куќа вчера објави дека Бајден денеска ќе пристигне во Полска, неколку дена пред првата годишнина од руската инвазија на Украина. На социјалните мрежи се рашири видео од Бајден како шета по улица во центарот на Киев во друштво на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На социјалните мрежи утрово се проширија гласини за можното доаѓање на Бајден. На улиците на главниот град има невидени безбедносни мерки, а дел од центарот на градот е затворен за секаков сообраќај.

Веста за посетата на Бајден на Киев ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски кој на Фејсбук објави фотографија со американскиот претседател.

„Добредојдовте во Киев! Вашата посета е исклучително важен знак за поддршка за сите Украинци“,

напиша Зеленски на Фејсбук.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Герасимовски: Во среда се носи одлука за основање претпријатие за производство и продажба струја

Следно

Борел: Обезбедувањето муниција за Украина може да го одреди исходот на војната

Latest from Blog