ВИДЕО: Барселона со три хеликоптери пристигна на осминафиналниот натпревар во Купот на Шпанија

January 20, 2023
1 min read

Откако во неделата во Ријад го победија Реал Мадрид со 3-1 и го освоија првиот трофеј сезонава, фудбалерите на Барселона немаа многу време за одмор по враќањето во Каталонија, бидејќи ги чекаше уште едно гостување, овој пат на северот на Африка во рамки на осминафиналето на Купот на Шпанија.

Противник на Барселона беше третолигашот Сеута од истоимениот град на северот на Африка. Сеута е „автономен шпански град“, со површина од 18.5 километри и нешто повеќе од 85.000 жители, кој политички ѝ припаѓа на Шпанија, а географски е на територијата на Мароко.

Барселона на пат тргна ден пред натпреварот. Бидејќи Сеута нема аеродром кој може да прими големи авиони, каталонскиот клуб прво со авион пристигна во Малага, а потоа преку Гибралтарскиот теснец прелета со хеликоптери. Делегацијата на Барселона беше распоредена во три хеликоптери од марката „Аугуста Вестланд 139“ од кои секој чини 12 милиони евра и има капацитет за 15 патници.

Доаѓањето на шпанскиот фудбалски гигант беше голем празник за жителите на Сеута, а на хелиодромот фудбалерите на Барселона беа пречекани од стотици навивачи и покрај силното обезбедување.

Натпреварот на резултатски план не донесе изненадување и Барселона со убедливи 5-0 обезбеди пласман во четвртфиналето, со головите на Рафиња (41 минута), Роберт Левандовски (50, 90), Ансу Фати (71) и Франк Кеси (77).

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Реал Мадрид, триумфирајќи на гостински терен над Виљареал со 3-2.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Видео: Акција за чистење и уредување на зеленилото во Сарај

Следно

Кога ќе вее снег во Скопје?

Latest from Blog

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите
Go toTop