Вештачката интелигенција почна да се шитка

March 7, 2023
1 min read

Пред неколку недели беше промовирана Foundry на OpenAI, платформа за сервирање на последните модели кои наскоро ќе доаѓаат во многу робустни форми, со „fine-tuning” опции.

Значи модели, во множина. Се работи за класа на модели, дефинирани со тоа колку се претходно тренирани и други параметри, надвор од основниот модел. Прометеј на Микрософт ќе биде првиот кој ќе биде јавно достапен и тој веќе прави чуда. 

На пример:

Foundry значи леарница. Во индустрискиот свет, леарница е местото во кое бизнисите создаваа алатки за производство на физички производи. Леарницата на OpenAI ќе биде место во кое бизнисите ќе градат вештачка интелигенција за изведување когнитивни задачи, познати и како „сервиси“ кои сочинуваат три четвртини од американската економија!

Цените ќе се движат од 250.000 долари годишно за “3.5-Turbo” (ниво на ChatGPT) до 1,5 милиони долари годишно за модели кои во корпоративно опкружување ќе обавуваат суштински задачи со финансиски импликации. Ова не треба да чуди со оглед на тоа што дури и стандардниот GPT може да положи адвокатски испит.

Комбинацијата на fine-tuning опциите со рапидната еволуција на алатките од LLM (Large Language Model) еко-системот значи дека корисниците ќе добијат човечки – или суперчовечки – перформанси за многу економски вредни задачи веќе во 2023 година.

Накратко, доаѓа време на „продуктивна вештачка интелигенција“ која нема да се задржи само на бреинсторминг или копирајт. Веќе оваа година, ќе има модели кои ќе бидат тренирани за:

– создавање и локализирање содржини;
– менаџирање на интеракциите со корисниците – природни Q&A, закажување состаноци, сметководство, техничка поддршка 24/7….;
– HR задачи: набавка на резимеа, сумаризирање профили, сугерирање прашања за интервју, во случај на голем број кандидати, дури и водење на прелиминарните интервјуа за вработување’
– кодирање;
– разни истражувања;
– анализирање податоци и правење извештаи;
– праќање меилови, процесирање трансакции…

Вештачката интелигенција нема напрасно да укинува работни места. Но ќе почне да ги празни од содржина бидејќи ќе обавува многу од задачите кои биле поврзани со тие работни места.

Луѓето и натаму ќе бидат ќе бидат потребни, но за градење, функционирање, одржување и апгрејдирање на машините кои ги обавуваат сервисите кои тие до вчера ги обавувале.

Додека и за ова не се осамостојат.

Затоа, оваа заeбaнција не изгледа толку лудо:

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

За изложбата на Лубарда, МСУ – Скопје ќе организира музејски тури со кустос-водич

Следно

(ФОТОРЕПОРТАЖА) Неиспиените пијалаци и полните пепелници – неми сведоци на двојното убиство во „Шиша бар“

Latest from Blog

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се

Охриѓанец со „пасат“ удрил во столб за видеонадзор на ГП Табановце

Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција. – Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на

Ниту Анчелоти, ниту Алонсо, Реал со привремен тренер ќе игра на Светското клупско првенство!

Реал Мадрид ќе прави тренерска смена во текот на летото, но главниот стратег нема да пристигне пред Светското клупско првенство, а на кормилото нема да биде ниту Карло Анчелоти. Анчелоти и Реал

Израел не сака да присуствува на расправата на МСП за неговите хуманитарни обврски кон Палестинците

АНКАРА (АА) – Израел денес го обвини Меѓународниот суд на правдата (МСП) за „антисемитизам“, велејќи дека нема да присуствува на расправата за неговите обврски да ја обезбеди итно потребната хуманитарна помош за

Сведоштва на дел од тимот на Support Kocani кои беа во дискотеката „Пулс“: Имавме среќа што бевме на влезот, некој ми подаде рака и ме спаси од најлошото

Дел од тимот на Support Kocani беше денеска во студото на ТВ21 во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21. Дарио Трифунов, Мартин Розин Сопков, Љубомир Игнатов, Бојан Манасиев беа соговорници на модераторот Јовица
Go toTop