Верските поглавари ги повикаа граѓаните да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот

December 2, 2024
1 min read

Поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата.

„Сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државнните симболи на нашта татковина, и кон симболите на сите етнички заедници во неа“ , се наведува во соопштението упатено по денешната средба во Скопската епархија.  

„Средбата на разнообразни култури, носи можност за благородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живееме во една заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на МПЦ Охридска Архиепископја, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко методистичката црква и Еврејската зедница ги повкуваме сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државнните симобили на нашта татковина, и кон симболите на сите етнички заедници во неа – се наведува во соопштението, кое е потпишано од Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи, скопски бискуп и епарх струмичко г. Кирил Стојановски, супер итенден Марјан Димов и Пепо Леви од Еврејската заедница.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран: „Туркије има клучна улога во процесот од Астана“

Следно

Бајден се соочи со остри реакции од дома и од надвор поради помилувањето на синот Хантер

Latest from Blog

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на

Утре делови од Тетово ќе бидат без струја

Делови од Тетово утре (5 мај 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објекти во дел од градот во

Виљареал и официјално ќе има нов тренер

Марселино Гарсија Торал нема повеќе да биде тренер на екипата на Виљареал. Ова конечно го потврди и самиот клуб, заблагодарувајќи му се на искусниот стратег, кој што го водеше тимот од 2023
Go toTop