ВЕЧЕРВА ВНИМАВАЈТЕ ОСОБЕНО ТУКА: Еве каква е состојбата низ патиштата во земјава

1 min read

АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

(ВИДЕО) По разорниот земјотрес, југоистокот на Турција го погодија силни поплави

Следно

НОВ ПЕКОЛ ВО ТУРЦИЈА – по разорниот земјотрес уште една природна катастрофа, водата ги проголта и така малку останатите згради и куќи (ВИДЕО)

Latest from Blog