Вашингтон смета дека истрагата за труењето на ученички во Иран може да ја водат ОН

March 7, 2023
1 min read

Белата куќа соопшти дека истрагата за труењето на ученички во Иран може да им се довери на Обединетите нации.

-Ако овие труења се поврзани со учество во демонстрации, тогаш тоа би било во рамките на мандатот на независната мисија за проверка на факти на Обединетите нации, формирана во ноември минатата година за да ги истражи прекршувањата на човековите права во Иран, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

-Мора да има веродостојна и независна истрага, виновниците мора да одговараат, нагласи таа на нејзината дневна прес-конференција.

Случајот со отруените ученички предизвика бран на незадоволство во Иран, каде властите се под притисок да ги откријат одговорните.

Иранските медиуми јавија дека од ноември досега во училиштата имало повеќе од 2.400 случаи на труење. Податоците се добиени според медиумските извештаи, но нема официјални податоци за случаите на труење, кои главно се насочени кон училиштата за девојчиња. Ученичките се пожалиле дека вдишале испарувања со мирис на мандарини, хлор и средства за чистење. Набргу потоа им се слошило, добиле главоболки и срцебиење, се чувствувале многу уморни и немале сила да се движат.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.

-Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе, рече вчера ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.

Ова беше прв пат Хаменеи, кој го има последниот збор во сите големи државни работи, да го коментира труењето што ги загрижува родителите низ целата земја. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азиските берзи благо пораснаа, доларот ослабе

Следно

Во кои делови од Македонија е најстудено денес?

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop