Ванковска: Во трката за претседател, влегов за национална кауза

1 min read

Претседателската кандидатка на партијата „Левица“ Билјана Ванковска, на митингот пред граѓаните во Велес рече дека во претседателската трка не влегла за фотелја или други привилегии, туку за национална кауза.

„Посакувам да чекориме по овој пат борбено, со чесност и доследност. Она што не разликува од тркачите на кратки патеки е тоа што трчаме маратон. Не се задоволуваме со столче и позиција. Имаме кауза“, рече Ванковска. Таа на митингот најави дека во недела на државната телевизија е закажана дебатата на кандидатите за претседател. Но, како што истакна таа, пет од седум претседателски кандидати ја прифатиле дебатата. Двајца од оние кои не прифатиле се актуелниот претседател Стево Пендаровски и актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Ванковска рече дека таа е практично единствената опозиција на оваа дебата. Според неа, таа и Левица не бараат реформи, туку радикална промена на се што постои во државата.

Извор: alsat.mk

Претходно

На рацете носи цело богатство: Александра заработува многу, но и троши премногу

Следно

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Latest from Blog

Од 19. Владина седница

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на