В понеделиник прекин на сообраќајот на патниот правец Ветуница – мост на река Блидеш

1 min read

Поради изведување на градежни активности со минирање за изградба на експресен пат А2 на делницата Длабочица – Чатал в понеделник во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш.

Како што информира АМСМ, за време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето, патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Од понеделник до петок во периодот од 08:00 до 16:00 часот затворена за сообраќај ќе биде и делницата меѓу селата Ногаевци и Виничани на регионалниот пат Велес-Градско, поради асфалтирање.

Сообраќајот урово на сите државни патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Поради градежни работи затворена една улица во Скопје

Следно

Црна Гора 2023: Избор помеѓу минатото и иднината

Latest from Blog