Утре тестирање на камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово

January 24, 2026
1 min read

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

–Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, велат од МВР.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВА ПРВО СТРАДА ВО ЗИМА И ОД НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ, дизелашите имаат дополнителни проблеми

Следно

Коњановски најави нова пречистителна станица и продолжување на патот кон Копанки

Latest from Blog

МОЛДАВИЈА САКАШЕ ДА СЕ НАЛЕПИ НА РОМАНИЈА И СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ, но планот е одбиен – од Романците

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, неодамна во подкаст изјави дека ќе гласа за приклучување на нејзината земја кон Романија во случај на референдум. Нејзините коментари предизвикаа бес. „Доколку имаме референдум, јас би

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за време на посета на осветлената патека за скијање на Копанки го пречека директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков. Времето беше ведро и студено, со снег на

ОВА ПРВО СТРАДА ВО ЗИМА И ОД НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ, дизелашите имаат дополнителни проблеми

Зимските услови на возење се сериозен тест за секој автомобил, а многу возила ги уништуваат нивните делови дури и ако се штотуку паркирани. Ниските температури, влажноста, солта на патиштата и честите кратки
Go toTop