Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница

January 2, 2025
1 min read

Во Собранието прва со работа утре во новата 2025 година ќе започне Комисијата за прашања на изборите и именувањата чиј што претседател закажа седница за утре напладне. За 10 јануари, пак, е закажана 29. пленарна седница на која на дневен ред се пет интерпелации.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата како прва точка е јавна расправа за утврдување Предлог – oдлука за избор на заменик – директор на Агенцијата за заштита на личните податоци. Потоа пратениците ќе треба да разгледаат барање за остварување на плата по престанок на функцијата член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, како и на заменици на Генералниот секретар на Претседателот на Република Северна Македонија.

Првата пленарна седница на Собранието е закажана за 10 јануари, а истиот ден е и конституирањето на Клубот на пратенички во овој состав на Парламентот.

Засега на дневен ред на оваа 29. седница се петте интерпелации за заменик-претседателот на Владата и министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за заменик-претседателот на владата и министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, поднесени од ДУИ односно Европскиот фронт, како и за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади – Илире Даути, поднесена од Левица.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопје повторно меѓу најзагадените градови

Следно

Жените не бараат пенис, туку место на масата за одлучување

Latest from Blog

Герасимовски: Култната сала Работнички во Градскиот парк ќе блесне во ново руво

Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика. Во првата фаза до месец март планираме да поставиме нов кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории кадешто беа сместени спортските федерации. Новитет

Возете внимателно: Намалена видливост поради магла на патот Гајре- Попова Шапка

Поради појава на магла намалена видливост до 30 метри вечерва има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“. Од претпријатието посочуваат дека сообраќајот на останатите

Градоначалник на Крива Паланка, Митовски: Експресниот пат е од голема важност, граѓаните ги чувствуваат придобивките од политиките на СДСМ

„Денеска со голема гордност и радост ја споделуваме веста за завршувањето на експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Овој проект беше започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% од градежните

Полска не го покани Орбан на преземањето на претседателството со ЕУ

Официјална Варшава ја презеде палката за претседавање со ЕУ,  Кошта порача дека Полска е најдобрата приказна на проширувањето – Орбан не беше поканет на церемонијата.  Премиерот Доналд Туск кој во следните 6
Go toTop