Утре и викендов облачно и посвежо со услови за дожд, од недела утрински минусни температури

1 min read

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде утре и за време на викендот. Ќе биде и значително посвежо со услови за слаб локален дожд, а потоа ќе следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. 

Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од – 3 до 12 степени, а максималната од 12 до 23 степени. 

Од недела ќе има  утрински минусни температури. В понеделник и вторник утринската температура ќе биде од – 3 до осум степени, а дневната до 22 степени.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени го потресе турскиот град Сивас

Следно

Лажни пријавите за поставени бомби на неколку локации во Атина

Latest from Blog