УНРВА предупредува на зголемен глад во Газа, бара итен пристап

July 4, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Агенцијата на Оебдинетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денес изрази загриженост поради зголеменото ниво на глад во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Во Газа гладот ​​се зголемува. Од глад луѓето се онесвестуваат на улиците“, се вели во соопштението на агенцијата за X.

„Сегашниот систем за дистрибуција на помош ги понижи и дехуманизира гладните и исплашените, повредените и исцрпените семејства.“

УНРВА нагласи дека „ниедно лице, никаде, не треба да биде принудено да избира помеѓу ризикување на својот живот и прехранување на своето семејство“.

Агенцијата, исто така, потсети на својата способност да обезбеди ефикасна хуманитарна помош кога ѝ е даден пристап.

„За време на прекинот на огнот, ОН, вклучително и УНРВА, докажаа дека можат безбедно и во голем обем да испорачаат помош што спасува животи низ Појасот Газа“, се вели во соопштението.

УНРВА ги повика сите страни да дозволат итен хуманитарен пристап. „Имаме системи, експертиза и волја. Она што ни треба е пристап. Прекинете ја опсадата. Дозволете ни да си ја завршиме нашата работа.“

Неколку групи за човекови права, вклучително и Амнести интернешнл, го обвинија Израел дека продолжува да го користи гладувањето како оружје во војната против цивилите во Појасот Газа, како дел од поширокиот напор за „нанесување геноцид“ врз Палестинците.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија уби повеќе од 57.000 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

Следно

„Но, јас сум среќникот“: Последниот коментар на Жота кон сопругата објавен на Инстаграм – Сонот стана кошмар по само два дена

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави
Go toTop