Унапредување на суво

April 22, 2024
1 min read

Консултантите за надомест од Перл Мајер неодамна објавија извештај според кој над 13% од работодавците избрале на своите вработени да им дадат нови работни титули наместо пари, споредено со само 8% во 2018.

До сличен заклучок доаѓа и консултантската компанија Мерсер, според која компаниите во своите буџети за плата за 2024 одвојуваат помалку пари за покачување на платата поврзано со унапредување.

„Раздавањето титули е бесплатно, раздавањето пари не е,“ порачуваат од консултантската компанија Корн Фери.

Главната мамка на која се паѓа за прифаќање на суво унапредување е дека во иднина ќе има пари или пак за зафаќање на подобра позиција за преговарање за работа во друга компанија.

За ваквата ситуација значително придонесоа масовните отпуштања, посебно во технолошката индустрија, со што се намали тензијата на пазарот на труд и предноста што ја имаа вработените во ценкањето за своите работни места.

Во првите два месеца од 2024, технолошката индустрија ја зафати бран отпуштања кои беа направени во име на оптимизирање на ефикасноста наместо на растот. Во 2023 беа укинати околу 250.000 работни места, а до март годинава се стигна до 50.000 отпуштени меѓу најголемите технолошки гиганти.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уапсени тројца Германци под сомнение дека шпионирале во корист на Кина

Следно

Надал се пријави за Лејвер купот

Latest from Blog

Конор Мек Грегор сака да се врати во УФЦ

Комор Мек Грегор сака да се врати во УФЦ. А првиот чекор е веќе направен. Тој се согласи повторно да се приклучи на програмата за допинг тестирање. Ова значи дека сериозно размислува

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“. Претходно
Go toTop