Улични кучиња каснаа две лица во Гази Баба и малолетник на Бит Пазар

1 min read

Вчера биле нападнати три лица од улични кучиња на различни локации низ Скопје.

Најпрво во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.К.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Т.(41) од Скопје пријавил дека на кејот на река Вардар бил каснат од куче скитник.

На крајот во 13.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 16 – годишник од Скопје пријавил дека на ул.„Максут Садик“ бил каснат од куче скитник.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Василевска: Единствен новитет во Владата е што после години повторно СДСМ застанува на челото на министерството за животна средина и просторно планирање

Следно

ФФМ в петок ќе донесе одлука за „случајот Христовски“

Latest from Blog