Украинска полиција: Руските сили го кренаа во воздух клучниот мост кон Бахмут

1 min read

Руските сили во текот на ноќта го разнесоа клучниот мост што го поврзува опколениот град Бахмут во источна Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција.

Полицијата во градот Константинивка изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека мостот ќе биде поправен во наредните денови, бидејќи тој е витална артерија за евакуација на цивили и испорака на залихи како муниција.

Мостот е и последната главна рута за снабдување од Бахмут до градот Часив Јар.

Армијата сè уште може да пристапи до Бахмут преку полињата, соопшти полицијата.

Бахмут е сообраќаен центар и преку него ги снабдува украинските војници на истокот на земјата.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

(Видео) Трите лица кои влечеа коњ со автомобил ќе одговараат кривично

Следно

МВР: 269 санкции за брзо возење

Latest from Blog