Украина тврди дека синоќа соборила 29 руски беспилотни летала

May 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина рано утринава објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 29 руски беспилотни летала во нападите во неколку региони во текот на ноќта, јавува Анадолу.

Командантот на воздухопловните сили Никола Олешук на Телеграм изјави дека Русија лансирала беспилотни летала од регионите Краснодар и Курск, како и од североисточниот регион Харков, каде што овој месец се интензивираа судирите меѓу завојуваните земји.

Олешчук рече дека сите беспилотни летала биле соборени над регионите Одеса, Миколаев, Полтава и Лавов.

Гувернерот на Миколаев, Виталиј Ким, на Телеграм изјави дека соборувањето на беспилотните летала оштетило покрив на приватна куќа и предизвикало пожар.

Гувернерите на Одеса, Полтава и Лавов не известија за жртви или штети во нивните региони.

Руските власти сѐ уште не ги коментираа овие напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како пржените кришки леб секогаш да ви излегуваат вкусни и крцкави?

Следно

Турскиот министер Фидан со сочувство до Техеран за смртта на иранскиот претседател

Latest from Blog

Гешоска во Аргумент плус: Потребна е поголема финансиска поддршка за Саемот на книга

Искра Гешоска претседателка на „Контрапункт“ во Аргумент плус рече дека, читачкиот пазар во Македонија е мал. Според неа, потребни се модели на финансирање со кои ќе се поддржи Саемот на книгата. „Покомплексен

Турскиот министер Фидан и американскиот државен секретар Рубио разговараа за билатералните односи и регионалните прашања

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и американскиот државен секретар Марко Рубио денес разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, вклучувајќи ги Сирија, Газа и Украина, соопштија турски

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани повредените од пожарот во Кочани

Министерот Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани Во рамки на дводневната работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна

Актуелниот премиер Еди Рама е на пат да го обезбеди четвртиот последователен мандат

Социјалистите со убедливо предство на изборите во Албанија. Актуелниот премиер Еди Рама пред уште еден четиригодишен мандат. Податоците на центрачната изборна комисија покажуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со
Go toTop