Украина: Најмалку 4 лица се повредени во ракетен напад врз станбена зграда во Харков

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку четири лица се повредени во ракетен напад рано утрово врз станбена зграда во областа Харков во источна Украина, пренесува Анадолу.

„Извршен е напад во станбена зграда во центарот на градот. Избувна пожар. Досега откриени се три повредени: 54-годишна жена и двајца мажи на 51 и 55 години“, рече гувернерот на Харков, Олех Синјехубов, во пораката преку Телеграм.

Синјехубов истакна дека 54-годишната жена е хоспитализирана со рани од шрапнели, додека на двајцата мажи им била укажана помош на самото место.

„Сите служби за итни случаи се на самото место“, рече Синјехубов.

Подоцна, тој изјави дека уште едно лице е рането од втор проектил што го погодил градот, со што бројот на повредени се зголеми на четири.

„Уште едно рането лице е чуварот на високообразовна институција, каде што е извршен вториот ракетен напад. Мажот се здоби со сериозни повреди, укажана му е помош на самото место“, рече тој.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, првично објави дека две руски ракети С-300 го погодиле центарот на Харков во дистриктот Киевски.

Поминаа повеќе од 11 месеци откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ што доведе до смрт на најмалку 7.110 цивили, а 11.547 беа повредени, според најновите податоци на Обединетите нации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

(ВИДЕО) Спасовски горд на полицијата: Вака се постапува по европски ранг

Следно

Апсења во Турција: Паднаа 15 лица кои подготвувале терористички напади

Latest from Blog