Украина ќе има нов фудбалски селектор

January 13, 2023
1 min read

 

Украина, која заедно со македонската фудбалска репрезентација е дел од квалификациската група Ц, ќе се обиде да избори пласман на ЕУРО 2024 со нов селектор, откако соработката со досегашниот предводник Олександр Петраков е прекината.

„Искрено му благодариме на Петраков за високиот професионализам на селекторското место и му посакуваме многу успех во иднина. Неговите незаборавни победи како селектор со националниот тим ќе останат запишани со златни букви во историјата на украинскиот фудбал“, соопшти синоќа Фудбалската федерација на Украина (УАФ).

Петраков застана на чело на украинската репрезентација во август 2021 година и под негово водство Украина на 15 натпревари оствари шест победи, седум нерешени и два порази, а беше на чекор да обезбеди пласман на Светското првенство во Катар, но во финалето од плејофот загуби на гостински терен од Велс.

„За мене овој период од животот засекогаш ќе остане топол спомен во моето срце. Сакам да им се заблагодарам на играчите, членовите на стручниот штаб и персоналот на УАФ за тоа што изминатата година и пол, бевме обединети и инспирирани од идејата за заштита на интересите на Украина на и надвор од фудбалските терени“, изјави 65-годишниот Петраков за официјалниот сајт на УАФ.

Наследникот на Петраков ќе ја предводи Украина во квалификациите за пласман на ЕУРО2024, кои почнуваат во март, во групата Ц со Англија, Италија, Македонија и Малта.

Македонската фудбалска репрезентација ќе ја пречека Украина на 16 јуни во Скопје, а реваншот е закажан за 14 октомври.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почна бербата на лутите пиперки во Струмичко

Следно

Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop