Украина: Интензивирани руските напади врз енергетската инфраструктура, на нишан и Киев

1 min read

КИЕВ (АА) – Градоначалникот на главниот украински град Киев, Виталиј Кличко, изјави дека во градот имало експлозии, пренесува Анадолу.

„Има експлозии во населбата Холосиев во Киев. Повеќе детали подоцна“, напиша Кличко на Телеграм.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов, објави дека руските сили извршиле напади врз градот и регионот на Харков.

„Непријателот изврши околу 15 напади врз градот и регионот. Цели сè уште се критичните инфраструктурни објекти“, рече Синегубов.

Гувернерот на украинската област Одеса, Максим Марченко, изјави дека со проектилите биле погодени енергетската инфраструктура и станбените згради.

„За среќа, немаше жртви“, рече Марченко.

Сирените за воздушен напад продолжуваат да се огласуваат во многу украински градови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

(ВИДЕО) Ако до 31 мај не го приспособи законодавството со европското, Македонија губи пристап до значаен фонд на ЕУ

Следно

Почна изградба на кружен тек на влезот во општина Илинден

Latest from Blog