Украина и Русија разменија над 200 воени затвореници

April 10, 2023
1 min read

Руското Министерство за одбрана соопшти дека од украинскиот притвор биле ослободени 106 руски војници, а началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак изјави дека Русија ослободила 100 украински затвореници. Во ниту едно од соопштенијата не е наведено дали во договорот биле вклучени посредници

Украина и Русија разменија над 200 воени затвореници, објавија официјални лица од двете земји. Киев и Москва пријавија размена на затвореници, наведувајќи дека се ослободени 106 Руси и 100 Украинци.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека од украинскиот притвор биле ослободени 106 руски војници, а началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак изјави дека Русија ослободила 100 украински затвореници. Во ниту едно од соопштенијата не е наведено дали во договорот биле вклучени посредници.

Украинскиот Координативен штаб за третман на воени затвореници тврди дека речиси половина од вкупниот број на ослободените украински војници (80 мажи и 20 жени), имаат сериозни повреди, болести или биле измачувани, но не беа презенитрани докази за ваквите тврдења.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ослободените Руси со воени транспортни авиони биле пренесени во Москва на медицински третман и рехабилитација.

Размените на затвореници се една од ретките области на соработка меѓу Украина и Русија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана

Следно

Напаѓачот во банката во Луисвил бил поранешен вработен, пукањето го снимал и го пренесувал во живо на Инстаграм

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop