Украина го критикува Милановиќ за неговите коментари за Крим

January 31, 2023
1 min read

Реакцијата на украинската дипломатија која ги нарече неприфатливи изјавите на хрватскиот претседател е одговор на коментарот на Зоран Милановиќ кој на 30 јануари изјави дека е „сосема јасно оти Крим (кој бил незаконски анектиран од Русија во 2014 година) никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“

Украинското Министерство за надворешни работи ја оцени како неприфатлива изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој вчера кажа дека Крим никогаш нема да се врати под украинска контрола. Според украинското МНР, со оваа изјава Милановиќ го довел во прашање територијалниот интегритет на Украина.

„Се прашувам дали Зоран Милановиќ би можел да стане претседател на својата земја со таква реторика во деведесеттите, додека Хрватска се бореше да ја зачува својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да ги затворат очите пред окупацијата на дел од нивната земја? Се сомневам“,

напиша портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко, на Фејсбук.

Во обајавата на Фејсбук портпаролот на МНР на Украина додава оти поради надворешната агресија Хрватска можела да изгуби една третина од својата територија, но како што вели, благодарение на херојската борба, Хрватите успеале да ја заштитат независноста на својата земја.

На крајот на објавата Николенко вели оти изјавите на Милановиќ за Крим се неприфатливи бидејќи го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина.

„Наместо тоа, ние многу ја цениме и им благодариме на хрватската влада и на хрватскиот народ за нивната непоколеблива поддршка на Украинците во борбата против руската агресија“,

заклучи тој.

Реакцијата на украинската дипломатија е одговор на коментарот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој на 30 јануари изјави дека е „сосема јасно оти Крим (кој бил незаконски анектиран од Русија во 2014 година) никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.

Милановиќ додаде и дека Хрватска, освен со испраќање хуманитарна помош во Украина и осуда на агресијата, не треба да биде учесник во конфликтот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апсења на Бит Пазар и во Карпош поради дрога

Следно

Протести во Франција поради најавената пензиска реформа

Latest from Blog

Тоневски: Создаваме нова туристичка атракција во Марчино

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека денеска во просториите на Бирото за рамномерен регионален развој е потпишан договор за одобрување средства за реализација на проектот „Уредување со поставување на урбана

Наместо укинување на онлајн коцкањето, владиниот закон спрема приватизација на онлајн бизнисот со коцка, велат од Левица

Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше „Вреди“ пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови

Тухел ги отвори картите, познат списокот на патници на СП 2026

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, денеска и официјално го објави списокот на фудбалери кои ќе ги поведе на Светското првенство во 2026 година. Англичаните на Мундијалот заминуваат со следните 26

Рубио: Куба претставува „закана за националната безбедност“ на САД

Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство поради соборувањето на два авиона во 1996 година, настан што резултираше со загинување на американски
Go toTop