Укината специјалната единица чии полицајци се обвинети за убиството на Тајр Николс

January 29, 2023
1 min read

Единицата била основана во октомври 2021 година со фокус на сериозни кривични дела, како што се кражби на автомобили и прекршоци поврзани со банди, но како што објавија американските медиуми, имало многу поплаки за нивното постапување

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална единица „Скорпион“, чии полицајци беа обвинети за убиството на Тајр Николс.

„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт претепаа 29-годишник, таа ќе биде распуштена.

Во соопштението до медиумите, полицијата вели дека во сечиј интерес е трајно да се деактивира таа единица.

Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајр Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис.

Единицата е основана во октомври 2021 година со фокус на сериозни кривични дела, како што се кражби на автомобили и прекршоци поврзани со банди, но како што објавија американските медиуми, имало многу поплаки за нивното постапување.

Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела.

Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад и киднапирање.

Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

Видеата покажуваат агресивна ескалација на насилството насочено кон возач за кој полицијата првично рече дека бил запрен поради загрозување на сообраќајот. Шефот на полицијата подоцна изјави дека причината за застанувањето не е поткрепена со докази.

Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимки на кои се гледа како пет полицајци го тепаат Тајр Николс. Демонстрантите кои маршираа низ центарот на Мемфис ја поздравија одлуката кога слушнаа дека единицата е распуштена.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Приватните превозници во понеделник на протест, им префрлиле само 5.000 денари

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Latest from Blog

ВИДЕО: Повеќе од 50 повредени во експлозија за време на молитва во џамија во Џакарта

Над 50 луѓе беа повредени и хоспитализирани по експлозијата во петокот за време на молитвата во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата. Властите ја истражуваат причината за експлозијата во

Љубовта бара повеќе трпение за Стрелецот, а Бикот да ја цени својата стабилност

Овен Денес ќе почувствувате нов бран мотивација. Иако имате повеќе обврски од вообичаено, ќе се снајдете со енергија и острoумност. Во љубовта, не го потиснувајте она што навистина го чувствувате – искреноста

Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Македонија и Бугарија

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија. На „Х“ мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта

Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Скопје е срцето на државата – должни сме да го вратиме сјајот“

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети ориентирани кон граѓаните. Тој истакна дека новиот состав на Советот има историска улога
Go toTop