УЕФА препознава квалитет: Стефан Ристовски е дел од идеалниот тим за третото коло во ЛШ

1 min read

Поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски се најде во најдобриот тим во изборот на УЕФА, за третото коло од Лигата на шампиони. Ристовски одигра блескав меч и имаше две асистенции во победата од 2:0 на Динамо Загреб на гости кај Салцбург.

Веднаш по мечот во Салцбург, Ристовски беше прогласен за најдобар играч на средбата, а денеска стигна уште едно големо признание и тоа од УЕФА. Дефанзивецот се најде во идеалниот тим за третото коло во ЛШ, каде е заедно со ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус јуниор и Рафиња.

Извор: kurir.mk

Претходно

Советот за безбедност на ОН најостро го осуди терористичкиот напад врз ТУСАШ

Следно

Црна Гора ќе ги затвори преговарачките поглавја со ЕУ до декември

Latest from Blog

Фон дер Лајен: ЕУ е со вас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во рамки на балканската турнеја, веднаш по слетувањето