Училиштето „Димитар Поп Георгиев – Беровски” во Хром со нови капацитети за учениците

August 25, 2023
1 min read

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска беше во посета на подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски”, каде конечно после долг период и голем број пречки привршуваат со градба и се финализираат новите капацитети кои ќе овозможат одлични услови за учениците од ова училиште.

– Со доградбата на новото крило во склоп на училиштето ќе се добијат нови 6 училници, постоечките капацитети се зголемени и преуредени, односно новите услови ќе овозможат зголемен број на ученици кои ќе можат да посетуваат настава. Дополнително ќе се работи на уредување на просторот околу училиштето во делот на хортикултурата и урбаната опрема, порача Стојкоски. 

Вели дека овој проект е од огромна важност за жителите на Хром, поради тоа што неколку години дечињата кои што учат во ова училиште беа приморани да учат во услови кои не беа соодветни на нивните реални потреби.

– Наша должност и обврска е да се грижиме за нашите најмлади жители, односно дечињата. Здрава и едуцирана младина, создава здраво и перспективно општество. Продолжуваме посветено за урбано Ѓорче, дециден е првиот човек на оваа скопска општина. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина Клод Руиз-Пикасо, син на легендарниот сликар

Следно

Манчини го прифати богатиот договор и станува селектор на Саудиска Арабија

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop