Учесниците на самитот во Словенија го поддржаа проширувањето на Европската унија

1 min read

Проширувањето на Европската унија е нејзин стратешки но и безбедносен интерес, се договорија во понеделник учесниците на самитот во Брдо кај Крање по повод 20-годишнината од членството на Словенија во Европската унија.

„Проширувањето е важно…Проширувањето значи голема трансформациска моќ. Ние сме претседатели на земји кои го поддржуваат влезот на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и Молдавија и Грузија“, изјави словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Вучиќ ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

Следно

УКИМ: Испратен е допис до МОН за изедначување на коефициентите за пресметка на лекторските со платите на доцентите

Latest from Blog