Ученик во Србија донел пластичен пиштол на училиште и го вперил кон учениците

May 4, 2023
1 min read

Како што објави „Еспресо.рс“, полицијата во Обреновац го уапсила таткото на малолетниот ученик кој утрово во ОУ „Јефимија“ по едноминутно молчење извадил пластичен пиштол

Во Обреновац, во ОУ „Јефимија“, ученикот М. Д. (14) утрово од ранецот извадил пластичен пиштол и го вперил во правец на учениците, јавуваат српските медиуми.

По едноминутно молчење во чест на убиените вчера во Белград, наставникот ги оставил децата на кратко во училницата за да утврди дали сите отишле на час.

Училишниот полицаец веднаш реагирал. Известени се класниот раководител и психологот.

Реагираше и полицијата – Одделот за малолетничка деликвенција и го документираше случајот.

Како што објави „Еспресо.рс“, полицијата во Обреновац го уапсила таткото на малолетниот ученик кој утрово во ОУ „Јефимија“ по едноминутно молчење извадил пластичен пиштол.

Со него во полиција отишол и неговиот син.

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Твитер реакции: Планираат ли Герасимовски или Данела да преземат нешто за Буши да го исчисти Форум?

Следно

За само 90 долари месечно вашиот нов Мерцедес може да побрза

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop