Убиени 36.379 Палестинци во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври

June 1, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 36.379 Палестинци се убиени во израелската офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, објави денес Министерството за здравство на опколената палестинска енклава, известува Анадолу.

Во соопштението на министерството на енклавата се додава дека уште 82.407 лица се повредени во нападите.

„Во израелските напади последните 24 часа се убиени 95 лица, а 350 се повредени“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава дека многумина сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Израел пред 8 месеци започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Според податоците на Обединетите нации, израелските напади врз палестинската енклава го принудија населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, притоа разорувајќи ја и уништувајќи ја инфраструктурата на енклавата.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вељко Ражнатовиќ објави ФОТОГРАФИЈА од Богдана во кревет: Еве што нашол во раните утрински часови

Следно

„Туркије е земја која покажува најостра реакција на израелските масакри во Газа“

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop