У реду е Трамп, знаеме

February 22, 2023
1 min read

Третата светска војна никогаш не била поблиску отколку што е сега. Треба да си ја исчистиме куќата од сите воени хушкачи, американските глобалисти, Длабоката држава, Пентагон, Стејт Департментот, воено-индустрискиот комплекс… 

Една од причините што јас бев единствениот претседател што не започна војна беше тоа што бев единствениот кој ги одби катастрофалните совети на многу генерали од Вашингтон, бирократи и таканаречени дипломати кои знаат само како да нè вовлечат во некој конфликт, а не и да нè извлечат од таму.  

Со децении ги имаме истите луѓе, како Викторија Нуланд и слични на неа, опседнати со тоа да ја буткаат Украина кон НАТО, да не ја спомнувам поддршката на Стејт Департментот на револуцијата во Украина.

Овие луѓе кои долго време само бараат конфронтации, како што беше случајот со Ирак и други делови на светот, сега нè носат на раб на Светска војна. Многу луѓе не го гледаат тоа, но јас го гледам, а сум бил во право за многу работи. 

Ништо од ова, на никој начин не ја оправдува ужасната инвазија на Украина, која никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател. Немаше шанси за тоа. Но значи дека ние во Америка мора да се ослободиме од корумпираниот естаблишмент кој со децении доминира врз сите важни одлуки од надворешната политика, вклучително претседателот Бајден чии блиски луѓе сами имаат кажано дека тој нема донесено ниедна добра одлука кога се работи за други држави, војни…. Мора да ги замениме со луѓе кои ги поддржуваат американските интереси.

Стејт Департментот, Пентагон и естаблишментот за национална безбедност ќе изгледаат многу различно до крајот на мојот мандат а тоа ќе се види уште на почетокот.

Ќе ги сопреме и лобистите и големите добавувачи на воена опрема да го буткаат нашите високи армиски лица да навиваат за конфликти, само за подоцна дебело да ги наградат кога ќе се пензионираат, со лукративни ангажмани и да бидат плаќани со милиони и милиони долари. 

Само погледнете ги глобалистичките и воено-хушкачки донатори кај нашите политички противници. Тие се кандидати за војна. Јас сум претседател кој испорачува мир и тоа мир преку моќ. Постои причина зошто не влеговме во војна, бидејќи другите држави ја почитуваа нашата воена моќ. Не сакаа да се плеткаат со САД, а сега ни се исмеваат.

Со вистинско лидерство, можеме да му ставиме крај на украинскиот конфликт за 24 часа. До крајот на моите следни 4 години, воените трабанти, измамници и лузери ќе ги нема и ние ќе имаме нова постава од компетентни луѓе за национална безбедност кои над сè, веруваат во бранење на американските интереси. 

Ви благодарам.

п.с. Трамп зборува за мир, за прекин на војната, за непочнување нови конфликти?

Значи пак ќе го прават расист.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фросина Пармаковска со романот „На враќање“ пред софиската публика и критика

Следно

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во „Кампања“

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop