Турција ја преполови набавката на руска нафта поради ремонт на рафинерија во Измир

September 24, 2024
1 min read

Турција ја намали набавката на руска нафта за 50 отсто поради ремонт на рафинеријата СТАР во близина на градот Измир, според податоци објавени од аналитичката агенција Клер.

Турскиот увоз на нафта од Русија во август изнесувал нешто помалку од 200.000 барели дневно, додека на почетокот на летото, месечната количина се движела меѓу 400.000 и 450.000 барели дневно, пренесува „Комерсант“.

Планираниот ремонт на рафинеријата во Измир започна на 5 септември и ќе трае околу два месеца, што значи дека набавките почнале да опаѓаат уште пред да запре производството, изјави Виктор Катона од Клер. Тој додаде дека ситуацијата не е критична за руските добавувачи, бидејќи тие веројатно ќе ги пренасочат нафтените текови кон азиските пазари, особено во Индија.

На почетокот на септември, руските приходи од извоз на нафта паднаа на најниско ниво од февруари, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на податоците од агенцијата „Аргус“ за цените на руската нафта.

Според информациите, цената на руската нафта Урал во првата недела од септември паднала за 30 отсто на приближно 60 долари за барел.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нека им е со среќа, им порача Мицкоски на Ахмети и Снопче за најавите за протести и излегување од Владата

Следно

Изгласани измени на Законот за локална самоуправа, в.д градоначалници во три општини до локалните избори

Latest from Blog

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес

Петрушевски: Мафијашките притисоци и уцени на Заев и Филипче ја користеле државата и институциите за приватни цели

Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, рече на денешната прес-конференција пратеникот

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Житие Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и

Нови паркинг решенија и корекција на цените – Коњановски во посета на ЈП „Паркинзи“

За работата на јавното претпријатие „Паркинзи“ денеска средба на директорот на ова јавно претпријатие Зоран Михајловски кој беше домаќин на градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Михајловски го информираше градоначалникот на Битола за
Go toTop