Турските сили неутрализираа висок терорист на ПКК во Сирија

December 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) неутрализира висок терорист на ПКК во операција во Тел Рифат, Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.

Јашар Чекик, со кодно име Јашар Хакќари, кој се приклучил на терористичката организација во 1993 година, го организираше нападот на жандармеријата Хантепе во подрачјето на Чукурџа во источната турска област Хакќари во 2010 година. Во нападот загинаа шест војници.

Исто така, откриено е дека тој планирал и наредил терористички напади во 2011 година врз подрачјето на базата Кекликтепе што припаѓа на Командата на жандармеријата во Чукурџа и Командата на Првиот механизиран пешадиски баталјон во Чукурџа, каде што загинаа 24 војници, а еден беше повреден.

МИТ понатаму откри дека Чекик, кој се наоѓаше на црвената листа на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи и беше баран со црвена потерница од Интерпол за извршување терористички напади против безбедносните сили во Туркије, Ирак и Сирија, ги продолжил своите терористички активности во сирискиот регион Шехба.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е наведена како терористичка организација од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слот: Против Сити одигравме речиси совршено

Следно

Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка – 3 степени

Latest from Blog

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Житие Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и

Нови паркинг решенија и корекција на цените – Коњановски во посета на ЈП „Паркинзи“

За работата на јавното претпријатие „Паркинзи“ денеска средба на директорот на ова јавно претпријатие Зоран Михајловски кој беше домаќин на градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Михајловски го информираше градоначалникот на Битола за

ЛШ се враќа: Две кола до финалната одлука за пласман меѓу најдобрите осум!

Вечерва се враќаат фудбалските возбудувања во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА со мечевите од претпоследното 7. коло во главната фаза. Конкуренцијата за место во првите 8 е огромна, а

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 300 дронови и ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напад врз Украина преку ноќ, користејќи повеќе од 300 беспилотни летала и „значаен“ број балистички и крстосувачки ракети. Во објава на X, Зеленски изјави
Go toTop