Турскиот претседател Ердоган во посета на Албанија и Србија

1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес и утре ќе престојува во посета на Албанија и Србија, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије, јавува Анадолу.

За време на посетите на 10 и 11 октомври (денес и утре) се очекува средбите на Ердоган да се фокусираат на разгледување на сите димензии на билатералните односи.

Се очекува на состаноците да бидат разгледани и напорите за понатамошно унапредување на соработката во различни области.

Турскиот претседател ќе претседава и со состаноците на високо ниво на советот за соработка подготвени со неговите колеги од двете земји.

Тој ќе ја отвори Големата џамија во Тирана, џамијата Намазга, најголема џамија на Балканот, финансирана од Туркије, заедно со албанскиот премиер Еди Рама.

По ова Ердоган ќе отпатува во српската престолнина Белград, каде што ќе присуствува на бизнис-форумот организиран со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Предвидено е потпишување и на различни договори за проширување на правната рамка на билатералните односи.

Се очекува состаноците да ги опфатат актуелните глобални и регионални прашања, вклучително и случувањата на Балканот, како и нападите на Израел врз Газа и окупираните палестински територии и Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Македонија денес против Летонија за продолжување на битката за првото место во групата на ЛН

Следно

Одржана седница на Советот на Народната банка, усвоен е кварталниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор

Latest from Blog