Турскиот национален сервис ТРТ лансира дигитална платформа за вести на шпански јазик

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – ТРТ, националниот јавен сервис на Туркије, утре ќе ја претстави својата дигитална платформа за вести на шпански јазик како дел од Првиот самит на ТРТ за емитување во земјите од шпанско говорно подрачје, јавува Анадолу.

ТРТ, која ги надминува границите со своето глобално покривање, додава нова меѓународна дигитална платформа за вести, се вели во соопштението на медиумот.

ТРТ истакна дека продолжува со напорите да го засили гласот на Туркије на глобално ниво.

Денес во Истанбул тој е домаќин на првиот Самит на ТРТ за емитување во земјите од шпанско говорно подрачје.

На самитот ќе биде промовирана дигиталната платформа за вести на ТРТ на шпански јазик.

На самитот ќе присуствуваат 17 генерални директори, 21 новинар и 16 извршни директори од медиумски куќи од 18 земји од шпанското говорно подрачје како Шпанија, Мексико, Колумбија, Аргентина, Перу, Венецуела, Гватемала, Еквадор и Боливија. Дополнително, на Самитот ќе учествуваат 40 студенти од Латинска Америка и Шпанија кои студираат во Туркије.

Самитот ќе опфати и работилница за меѓународно новинарство.

ТРТ веќе произведува содржини на неколку јазици како англиски, германски, руски и на француски јазик.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна

Следно

ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година

Latest from Blog