Турскиот министер за надворешни работи во посета на Брисел за разговори за Газа

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ќе престојува во Брисел „за да учествува на состаноците за Палестина“, пренесува Анадолу.

„На средбите ќе се разговара за најновите случувања и хуманитарната ситуација во Газа, како и напорите да се поттикнат повеќе земји да ја признаат државата Палестина“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Фидан во рамките на посетата ќе оствари и билатерални средби.

Шефот на турската дипломатија последен пат го посети Брисел на 3 и 4 април за состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Известувачката на ОН: „Израел нема да го запре ова лудило додека не го запреме ние“

Следно

Мицотакис: Кога некој го влече јажето, треба да биде подготвен да се скине

Latest from Blog