Турскиот министер Фидан со сочувство до Техеран за смртта на иранскиот претседател

May 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије упати сочувство до Техеран за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други високи претставници во хеликоптерската несреќа, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.

„За жал, веста за смртта на почитуваниот претседател и министер за надворешни работи длабоко нѐ растажи. Ја споделуваме длабоката болка на пријателскиот и братски народ на Иран“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со пакистанскиот колега во Исламабад.

Набргу по несреќата вчера попладне во северозападната иранска провинција Источен Азербејџан, Туркије ја мобилизираше сета можна опрема за да помогне во операциите за пребарување и спасување, додаде Фидан.

Тој рече дека Туркије посакува „Алахова милост за оние што ги загубија животите“ и упати сочувство до иранскиот народ.

Иранскиот претседател Раиси, министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдулахијан и нивните придружници беа прогласени за мртви утрово.

За ситуацијата во Појасот Газа, Фидан рече дека Туркије ги осудува оние што постојано им држат предавања на другите за човековите права и демократијата, а од друга страна се дел од злосторствата извршени од Израел.

Израел уби повеќе од 35.400 Палестинци по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври, во кој се изгубени 1.200 животи. Израелската воена офанзива ја претвори палестинската енклава во урнатини, доведе до масовно внатрешно раселување, болести и недостиг на основните потреби.

Тоа, исто така, предизвика судење пред Меѓународниот суд на правдата, кој во јануари му нареди на Тел Авив да се погрижи неговите сили да не вршат акти на геноцид и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош доаѓа до цивилите во Газа.

Од своја страна, пакистанскиот министер за надворешни работи, Исхак Дар, рече дека Исламабад и Анкара имаат заеднички став против исламофобијата на меѓународните форуми.

Дар истакна дека двете земји соработуваат меѓусебно во различни области, вклучително и економијата, трговијата и одбраната, со цел обемот на билатералната трговска размена да се зголеми на 5 милијарди долари.

Туркије и Пакистан се „две земји, но една нација“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина тврди дека синоќа соборила 29 руски беспилотни летала

Следно

Асанж на чекор до конечна одлука за екстрадиција

Latest from Blog

Алијансата на Албанците излегува од Владата – Таравари најави премин во опозиција

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозиција. – Денеска Алијансата на Албанците едногласно одлучи да премине во

Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга

Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена. Жената наводно

Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора

Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична. Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се

Алијанса за Албанците ја напушта Владата, Таравари: Одлучивме да се вратиме кај народот!

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.  Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците.  Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. ИЗВОР: ТВ 21
Go toTop