Турскиот министер Акар го осуди повторниот напад на Куранот и турското знаме во Данска

April 1, 2023
1 min read

ХАТАЈ/АНКАРА (АА) – Турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар остро го осуди повторувањето на нападот врз светата книга на муслиманите, Куранот, и турското знаме во Данска, јавува Анадолу.

„Најостро ги осудуваме оние што го извршија овој арогантен и одвратен напад, дехуманизирани и разбеснети со омраза, ги прогласуваме и ги осудуваме за соучесници оние што замижуваат пред овие шарлатани останувајќи бесчувствителни и во молк, и речиси ги поттикнуваат на злосторство оставајќи ги неказнети“, рече Акар во турската јужна област Хатај.

Неговата изјава дојде откако турското Министерство за надворешни работи го повика данскиот амбасадор во Анкара, Дани Анан, да им укаже на данските власти да ги преземат неопходните мерки против сторителите на ова злосторство и да применат ефективни мерки за да се спречи повторување на вакви провокации.

Акар нагласи дека овој „непријателски, варварски менталитет и дејства“, кои неодамна се зголемија во Европа, ги уништуваат демократските вредности и културата на толеранција и мирен соживот.

Денес турското Министерство за национална одбрана соопшти дека „и покрај сите предупредувања и иницијативи, ова злосторство од омраза извршено против целото човештво во Данска уште еднаш остана неодговорно да се набљудува отстрана во име на таканаречената демократија и слобода на изразување“.

„Ја повикуваме Данска, која исто така е членка на НАТО, веднаш да го напушти својот неодговорен однос кон ваквите напади, кои ги загрозуваат заедничките вредности на целото човештво и кои се уште една манифестација на тероризам и веднаш да го направи она што е потребно во име на целото човештво“, се вели во соопштението на Министерството.

Исто така, ги покани сите бранители на демократијата и човековите права, особено оние во Данска, да дејствуваат во име на универзалните хуманитарни вредности.

Последните месеци имаше неколку чинови на палење на Куранот, или обиди за тоа, од исламофобични индивидуи или групи во Северна Европа и нордиските земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изборен молк во Бугарија пред утрешното гласање на петите парламентарни избори во последните две години

Следно

По четирите смртни случаи, ситуацијата со лавините во Северна Норвешка и понатаму критична

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop